треба (гл.) - веќе (прил.)

Третиот ден, сонцето беше на заоѓање и Јован требаше веќе да привршува со работа за дента.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Изгледа дека не ти треба веќе.“ „О, не, Френк.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Имаше чувство дека сè што му треба веќе е на пат кон него само од себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
КОСТАДИН: Не требаше веќе ни да те погледнам, кога и самата си се согласила!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: Има, Костадине, има. Од сето тоа е најслатка детинската радост...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Постојат стотици договори за трговија со медитеранските градови и со балканските владетели,” извика Марин Крусиќ, „а трговските колонии на дубровчаните, како што треба веќе да знаеш ибн Тајко, насекаде низ Балканов се под посебна заштита.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- А и Белуш е јуначиште. Тој, ако е сѐ в ред, треба веќе и да се врати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Треба да мирува, уште не е оздравена. Додуша, до сега требаше веќе да му помини. Скоро четири месеци како е болна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Да, така. Методија не можеше да дојде во куќата и да поседи подолго, а јас требаше веќе да знам до каде се работите на гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Мислам дека не треба веќе да ги почекуваш своите ученици”, ѝ вели Хана на ќерка си, донесувајќи го чајот во две порцелански шолји со флорален мотив, додека Агата увежбува една партитура во салонот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Каде е крајот? Би требало веќе да сум на крајот од ливадата... веќе ја слушам реката... баботи пролетно надојдена...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Слушај, Брунила, не ми треба веќе ноќта.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)