треба (гл.) - веднаш (прил.)

На денот на празникот на манастирот, од Солун достаса стрикото Онисим и без да заобиколува му изложи дека треба и зошто треба веднаш да се врати во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неговиот став бил дека меѓусебните судири треба веднаш да престанат во спротивно Британците “нема да одобрат помош во оружје со цел да се води граѓанска војна“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мекдоналд сметал дека причината за таквото негово однесување бил “недостатокот на опрема“.288 Врз основа на наредбата од 29 септември од страна на ГШ на НОВ и ПО на Македонија мисијата при Првата македонска бригада Brasenose требало веднаш да се испрати кај ГШ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кога излезе Пискулиев од дома, девојката, скршена, дојде кај Ордета и му ја соопшти пораката на стариот дека треба веднаш да го напуштат станот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А тие од таму: требаше веднаш да ја стрелаш пред строј за поука и страв на другите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овде-онде се среќаваа патници, а јас се упатив на перонот од каде што требаше веднаш по полноќ да тргне директниот воз за Југославија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бидејќи распоредот на книгите во библиотеката претставува една од битните теми во делата на Луан Старова, треба веднаш да се истакне дека неговите книги би можело со право да се вредат меѓу романите на Исмаил Кадаре и Данило Киш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Кога ќе нè видат луѓето, треба веднаш да си речат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Требаше веднаш да го прашам тато или тетка Рајна за која жена татко ми мисли да се жени, зошто го одлагам тоа?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Личноста за која е корпата, треба веднаш да потрча и да го фати оној кој ја оставил и тогаш разменуваат бакнеж.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
ЉУБА: Тебе ти е исто така добро познато, како и мене, дека самото тоа дете играше со нив вчера по позирањето. 156 Margina #17-18 [1995] | okno.mk ТРОШЧЕЈКИН: Тогаш требало веднаш потоа да се соберат и да се стават на место. (Седнува пред ногарките.) ЉУБА: Ама каква врска имам јас тука?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Си мислам: треба веднаш да се појде и да се види.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Јас те предупредував, дека по сеансата тој треба веднаш да си оди дома, а не да игра фудбал.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Требало веднаш да те стрелаат, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога заврши со монтирањето на машините, Хелвиг ѝ покажа телеграма од фабриката, дека треба веднаш да заминат во друга држава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Требаше веднаш ножот. Со магии не се убива.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Требаше веднаш да кажеш. Сега е доцна. (Пауза) Не е важно, и онака веќе ништо не му е јасно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Му рече што се зборува за него, му кажа дека со свои очи го видел каде влегува и дека треба веднаш да прекине со тие срамни посети.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А морам да признаам дека за оваа моја неизречена помисла, од која требаше веднаш да се вцрвам, ми се чини дека беше сосема безвредно она што подоцна самиот си го префрлував, дека му припаѓам на суровиот и недоделкан дел од стварноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакаше веројатно да ме предупреди дека секое понатамошно задржување може да ми наштети.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само во еден момент, додека Бунде беше зафатен околу големата гравирана шнола со знаци на риби од јужните мориња на косата на Јана, Катерина се обиде да ми даде знак со раката дека треба веднаш да ја напуштам просторијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Требаше веднаш да се реагира. Да се извести највисокото раководство во земјата за промената.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ти не требало веднаш да го јадиш магарето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зашто штом го заколеш крмакот, треба веднаш да го попариш со горешта вода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Требаше веднаш да ги испржам компирите, така ќе дојдеше во истиот миг.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Личноста кон која беа упатувани овие рапорти, требаше веднаш да се сетам, беше лично Величковски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)