треба (гл.) - светлина (имн.)

Ох, Господе, па му треба светлина!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му треба светлина, како што вели свети Симеон Богослов: Кандилото иако е наполнето со масло и има фител, не свети - ако не се запали со оган; така и душата човекова ако не се осветли со богозрачна светлина - останува мрачна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му требаше светлина, таа беше неговото единствено оружје што го имаше и со кое можеше да им се противстави на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакате ли светилка? – Не, благодарам, – одговори Бути однатре – сега ќе излезам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некои велат дека господинот Сенка живее длабоко под земја, движејќи се низ еден систем од специјално изградени засолништа („внатрешноста на Земјината топка е како швајцарско сирење за тој монструозен глушец - крал на дупките!“); други одмавнуваат со главите и велат: „Глупости, дури и нему му треба светлина!“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)