тргнува (гл.) - напред (прил.)

Ајде, Анка! Таа тргнува напред, кофата од бунарот полека се крева преку макарата по која се лизга сајлата, Пандил сега само ја подзема, ја истура на купот, јас ја враќам мазгата назад, рикверц, по истиот правец (мене ми се падна во дел оваа работа), кофата се симнува долу, Вангел ја полни, и пак сѐ одново.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мими брзо станува, ја прибира чантата, очилата за сонце, и шушкаво тргнува напред.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Разгледувам наоколу; никој не го слушна тоа; родителите стојат безмалу наведнати нанапред и го очекуваат мојот суд; сестрата донела стол за мојата чанта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој тргнува напред и го свртува граничниот камен.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Само жестоко!“ вели слугата, плеснува со рацето; колата тргнува напред како дрво носено од водна струја, сѐ уште слушам како вратите во мојата куќа се разбиваат и се распрскуваат под налетот на слугата, а потоа очите и ушите ми се исполнуваат со брмчење кое навлегува во сите мои сетила подеднакво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)