тргнува (гл.) - низ (предл.)

Воопшто, Потковицата беше прочуено ловиште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Игор Лозински прв се огласи: - Јагулите го напуштаат Езерото, заминуваат од Балканот, тргнуваат низ реките до далечните мориња, океаните...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оттука веројатно и онаа помисла: дека против нашата желба настануваат ситуации кога размислите без никаква контрола тргнуваат низ некои празни корита и татнат како надојдени потоци, како реки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Врволицата од ученици и професори веќе тргнува низ градот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Навечер воларите се враќаа со полни капи јајца од диви патки и од диви гуски, а во неделите и празничните денови луѓето со кошници тргнуваа низ Беговски ливаѓе за да собираат јајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)