тргне (гл.) - онака (прил.)

Шишето на масата веќе беше празно, а чашата беше дополу полна со водата од истопениот мраз.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега Калчо не можеше да ја сокрие наудредната радост што напна во него, зашто сѐ си тргна онака како што си беше предвидено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не чувствуваше триумф по разговорот, само големо олеснување, оти работите тргнаа онака како што сакаше и планираше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ама кога тргнавме онака од чешмата, каде што патот треба да свие и да фати по другата страна на ридот, гледаме- патот прекинат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)