тргне (гл.) - веќе (прил.)

- Па тој тргнал веќе, бог да го прости, - рече стриче Силе Николоски, - ставете го в креветче, свршено е со него!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тргнати веќе, Кочо пак се сврте. На излегување Рангел му намигна: - Тој ќерата знаеш што ѝ рече?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А сѐ беше тргнало веќе за натаму уште кога татко ти одби да оди в црква.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еееј, докаде достигнаме ние мариовците! Ни по градишчата чупињата не одат на школо, а ние во Мариово тргнаме веќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше тргнал веќе по „лоши патишта".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што се мислиш, пупунецу мој, ми вели, тргни веќе еднаш, искачи се уште малку нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)