тргне (гл.) - сам (прид.)

Затоа тој препорачуваше да се засегнат интересите на другите, освен на Англија, бидејќи Англија, иако силно ги симпатизираше, е сама, без сојузници и според тоа нема да тргне сама.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Тогаш ајде со нас! Што си тргнал сам! Не гледаш ли какви се времињата?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И штом убаво се развидели, го нагрна кусото, со срма извезено џамаданче, го накриви испегланиот, тукушто донесен од калап фес и, мамурлив од пиењето и неспањето, тргна сам со Бакала накај езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кос-коџа со мажје жени пак беља тргаат ако тргнат сами, а камо ли ти шо си а изгубила главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)