тргне (гл.) - поглед (имн.)

Ане ги погледна, во еден миг престана да липа, а потоа го тргна погледот и продолжи со истиот занес како и претходно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ѝ обрна внимание, таа веќе насмеано го гледаше и штом тој ја забележа, таа го тргна погледот од него и отиде натаму кон касата каде што беше клапнат дебелиот човек, сигурно стопанот како што подоцна дозна Едо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога го здогледа авторот како да подзастана, но штом погледите им се сретнаа, тој како посрамено си го тргна погледот и продолжи без намера да проговори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Дезодоранс? Што ќе ти е таква работа? - мајката не го тргна погледот од телевизорот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)