тргне (гл.) - кола (имн.)

Постарите креваат раце и велат: - Тргнала колата наудолу - ама ние сакаме, со силна волја да ја запреме таа кола што тргнала наудолу!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се разбира, за кум го одбрале пред да му тргне колата прудолу, а јас, јас по нивна желба сум му кум на едно мало дете кое сега, откако ме сметаат за црна овца, со страв го држат што подалеку од мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)