трга (гл.) - кон (предл.)

— Бре, ќе не јаде... мајката, кај го намери ѓаволот да го трате! — се жала Трајко и веќе трга кон воловите во угарта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку да е, ќе си трга кон тие што си ги родила.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сега луѓето се собираа од двете страни на селото и тргаа кон центарот, кај големиот мост, каде што се и двете продавничиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стрчнува сејменот од вратата, ја фаќа везачката и ја трга кон Томор. Таа писка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мрдаше со рамениците да ме стресе, мавташе со нозете да се ослободи од живото клопче што го тргаше кон земјата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трепетот на невидливата птица на звукот ги облагородил луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чинките на човековата беспричинска радост им ја грееле крвта, ги тргале кон огнот зад ѕидот на урнатината и кон гајдата на Каменчо Скитник, човек што можел и од кал да измеси слатка погача.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ФЕЗЛИЕВ: (Кој сето време го слушаше расправањето на Методи отсутно, станува и трга кон кујната.) Јас ќе излезам... в кујна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Трга кон вратата, која веќе попушта под ударите. Неговото движење е бавно, но спокојно.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: Не грижи се. (Го зема писмото. Трга кон вратата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: (Уплашен, збунет, тажен, го зема писменцето и тешко, бавно, трга кон излезната врата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потоа, трга кон светлината од претсобјето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Го проверува својот револвер и дури потоа трга кон надворешната врата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Треба да се најде нешто за каснување. (Станува. Трга кон кујната.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Трга кон претсобјето. Како и првиот пат тој го вади, го полни својот револвер. Истото го прави и Иван.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)