трае (гл.) - во (предл.)

Јас те разминувам за да те најдам ... како добрина во добрина како светлината во ноќта за да трае во иднината на бескрајот....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
„Медитациите“ траат во замрзнатите моменти, издвоени од налудничавиот тек на времето, оставени настрана, тешки, јасни, голи како човечка коска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Отворена е длабока рана, којa ако некогаш се излекува, ќе остави лузна што ќе трае во душите на многу поколенија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Погледот кренат нагоре, небаре вкован во еден од неделканите борови трупци, траеше во покорно исчекување.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не мрда и не дише, плашејќи се дека дури и најмалото движење и воздив ќе ја открие, ќе ја издаде... Упорно трае во неподвижноста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сепак, тоа неочекувано и мигновено пресретнување на нашите погледи, ја отвори приказната за „НиЕ“, но не како предмет, како досие, и не за ние на кое никогаш не инсистиравме како на заменка на она што заеднички го работевме, туку за ние што произлегуваше од таа работа и кое, очигледно, остануваше и натаму да трае во нас двајцата и покрај тоа што, според моето првично и не докрај оформено сознание по пресретнувањето на нашите погледи, нѐ обземаше чувство на длабока вина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зато сме се држеле меѓу себе многу силно, сме траеле во многу искушенија, сме работеле како кртови и сме успеале да опстаниме со векови на то парче земја, таму на балкано.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Од соседната мала просторија се слуша детски плач кој трае во текот на целата сцена.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Има пријателства, подобро речено, поддржување на пријателство и на дипломатски преставници на спротивставени земји, некои дури и во војна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но има пријателства што траат во времето ако се вистински, а не поводни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)