трае (гл.) - можеби (мод.)

Тоа беше среќа. Вистинска среќа која трае можеби колку и времето на пеењето на самата песна...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој кратко престана да работи. Паузата траеше можеби една минута, кога девојката неочекувано праша, „Дали сакаш торта?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Перо знаеше дека може да се извлече со лага, но го виде синџирот меѓусебни лаги што ќе следува и ќе трае можеби и до крајот на животот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа траеше можеби половина час, можеби и час; времето не ми значеше ништо и јас ја гледав таа жена, чисто тело, за мене непозната душа, ја гледав со каква студена страст го прави тоа што го прави, како се подвигува, како се извишува сама од себе и помислив: „Којзнае колку била несреќна надвор, и којзнае како и колку ја понижил некој маж, штом може ова да го прави!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)