тече (гл.) - кон (предл.)

Сега, најден крај оваа река без бранови што тече кон одреден крај, потсетувајќи на можниот крај на живо­тот, но со извишеното Кале за да потсетува дека надежта постои, татко ми со вообичаеното вкрстување на прстите кога имаше нешто значајно да ни каже, тивко започна: – Чеда мои, минаа три дни без Чанга и без козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потем погледна низ отворениот голем прозорец кон реката која брзо течеше кон блиското море.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Просторот толку бесконечно се бранува; дали некогаш течел кон едно место? Се распадна кората што ме носеше.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Две бесилки на крај град, недалеку од патот што течел кон Кукулино, ги ванѓелосале луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)