тече (гл.) - река (имн.)

Нејзиниот најголем парк е расположен крај автострадата, крај големиот можеби најбучниот, булевар „Ленин“, од каде што течат реки од автомобили по истанбулскиот пат, кон пловдив, Бургас, Варна...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во близината на едно мало село беше лоцирано училиштето Деерфиелд со сите пропратни објекти, куќите каде што живееја учениците, куќите на професорите, спортските објекти, многу зеленило и дрвја, а во близината на училиштето течеше река.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На стотина чекори течеше река.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Низ долината тече река. Таа ја сече месноста на две половини: лева и десна. Го дели овој мал свет на два брега.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Беше еден мост. Под мостот течеше река. А во реката живееше една риба. Но тоа беше необична риба.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Слегоа долу на друмот. По долината течеше реката Сатеска.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Низ долината течеше реката Сатеска.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Низ долината тече река. Таа ја сече месноста на две половини: лева и десна. Го дели овој мал свет на два брега.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Беше еден мост. Под мостот течеше река. А во реката живееше една риба.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)