тера (гл.) - и (чест.)

А јас смрдам на ракија. Ракијата ме тера и да подждригнувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја тераме и таа да го моли, да пусти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои ги приготвуваше посебно, некои заедно, ги јадеше и ја тераше и жена си да јаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Светов е голем, широк. А живеачкава може да се тера и вака - и инаку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)