тепа (гл.) - на (предл.)

Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Налет друго, велеа оти Петре, како даскал, ќе тепал на мртво и ќе нѐ ставал со голи колена врз зрна пченка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како вујковците се тепале на креветот, па потоа ги држеле главите со раце затоа што им биле тешки...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
за писмата со топли поздрави до неговите родители што живееја на другиот крај на светот и за телефонските извинувања на моите родители во истиот град што не сме ги посетиле на сведен, оти, нели, пак тој морал да се задржи на работа, за левиот чевел од секој пар чевли што се купуваше за помалата ќерка, а кои тепаа на глуждот па требаше да се разлабават кај мајстор Младен, за молерите кои можеа да дојдат само ако е тој на пат оти, се знае, прават страшен неред во куќата и,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па и змија, бре, не се тепа на денешен, вика, па и змијата не те каса кога пиеш вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)