сфати (гл.) - негов (прид.)

Истиот момент кога го исправи, го сфати неговото значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Без заштита од татко, вујко или кој и да е близок, тој сам, направо, уште во првите денови на својот гурбетчилак остро се судрил со животот и брзо ја сфатил неговата поука, дека во тие и такви времиња мајсторот мора да потуши секаков творечки копнеж на својата душа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се разбира, знаел дека неговата одлука не е в ред, и таквата помисла многу придонесувала да се чувствува виновен, но сепак оценил дека разделбата е најдобриот крај за оваа врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја сфати неговата благост и ја заниша главата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најсетне и тој сфатил дека бракот и сличните глупости можеле многу неповолно да се одразат на неговата кариера; дека ова можеби звучело по малку и неодмерено па дури и себично но тој бил уверен дека правилно ќе ги сфатела неговите причини бидејќи била полна со разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најверојатно тогаш порасна и ја сфати неговата осаменост.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во своите проучувања на Дишан, на кои ги упатувам читателите што сакаат подетално да се запознаат со одредени гледишта (Дишан invisibile, Roma, Officina, 1975, Essendo dati: 1. la feme 2. il sesso, Avanguardia di massa, Milano, Feltrinelli 1978), заклучив дека алхемијата е еден од основните клучеви за да се сфати неговата уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)