суши (гл.) - на (предл.)

II. Кога се симнав на перонот, снегулките се лепеа и сушеа на моето лице како солзи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
До самиот агол од училиштето мравките го изнесле своето житце од „амбарот" и го сушат на пролетното сонце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Балконот е малечок и облека сушиме на него, но сепак би можело да се најде малку место за цвеќиња,“ - гласно размислуваше сестричето.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И после алиштата си ги сушиш на телото свое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)