суреди (гл.) - куќа (имн.)

Излегла девојката од мусандра, суредила куќата, смела, ја напраила за ила убаина и пак си влегла во мусандра.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мајка ми, како обично, стана рано да ја суреди куќата, макар што истото го направи и пред легнување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Коа си дошла бабата вечерта, не се сетила за првпат оти је суредена куќата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Митра остана да ја суреди куќата. Да ги измие мисурките, лажиците, а новите бардаци пак ги однесе во земникот со една клетва по децата и бабите што се нашија од нив и ги излигавија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)