сум (гл.) - ни (чест.)

- Па најпосле не сум ни јас од последните. Сум минал и јас в затвор еден ден, ќотек јадов, ме запишаа во црната книга.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Веќе не сум преокупиран со гладот или вошките, носам испрани и чисти алишта, повеќето сум во костумот што ми падна на лотарија во Гаково, косата измиена и со патец настрана, снагата капена во бањата кај градската болница, а не сум ни гладен, бонлук леб и мрсно, па кога се враќам од часови, сечам голема фелка леб, ја мачкам со сало и врз неа ставам леени колбаси, едно или две куси коматчиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Треската го мачеше, како крт му ги глодаше зглобовите, затоа се жештеше - „Не сум ни комформист, ни медиокрет, затоа ме сметаат за луд.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Луѓето поминуваат и заминуваат по своите работи, ме поздравуваат, но не се радуваат, имаат прашален изглед, како нешто во врска со мене да не им е јасно: Што барам јас овде, не сум ни шумар, ни ветеринар!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ти не си коркач. - Не сум ни добра самовила од чии чинки ќе се исплаши злото.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)