сум (гл.) - целосно (прил.)

И како што заклучив дека сум целосно блокиран во безопасност, така истовремено се прашав: а ако ненадејно ноќеска умрам вака сам и толку стиварно заклучен?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби за првпат со голема јасност заклучив дека сум целосно затворен: дворот ми е опашан со висока авлија, портата залостена со железен лост, а влезната врата ставена под тешка клучалка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Но“, рече префектот, малку вознемирен, „јас сум целосно подготвен да примам совет, и да платам за него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)