сум (гл.) - сосема (прил.)

Тивко паѓа ситен дожд темна ноќ, а јас сум сосема сама... се плашам од тишината на мислата во мене..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ја погледна бледата сенка на својата фигура што паѓаше на ѕидот од левата страна на креветот и рече: “Јас сум изменет, јас сум сосема друг, јас сум мал, грд и лош.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не сум сосема надвор од нешто?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не сум сосема внатре во нешто?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дали пеевме добро не сум сосема сигурна, бидејќи некаде кон средината на песната го здогледав татко ми како тивко влегува во салата и седна во првите редови.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Едно време веќе сум сосема смалена, речиси залепена за земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неосетно, и телото ми минува во друго, во предмет на уште една слика, можеби насловена „Набљудувач“ или нешто слично, и таму, додека во профил, делумно засолнат со дланките на кои се потпирам гледа во жолт, типичен есенски пејзаж, се чини дека му е добро, иако, што се однесува до мене – кон неговата душевна состојба јас сум сосема рамнодушен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но зошто да го правам тоа, и дали воопшто да постапувам така кога знам дека моите размислувања подобро ќе ги сфатите ако ви порачам да го отворите вашиот приватен магазин или склад во кој се сместени но не за распродажба туку само за разгледување, како во приватен изложбен салон, сите дребулии на вашите мечтаења.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, простете ми, не сум сосема сигурна што од ова е речено а што е плод на моето вообразување, но од ваквите гледања на нештата, како и од заклучоците што можат да се извлечат од нив, можам само да се оградам (се разбира од ова место каде што се наоѓам сега и од кое за жал пораките нигде не втасуваат).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе останам дури и сосема рамнодушен; се разбира во случај тие одговори да не бидат придружени со оние допири на аглите на нејзините усни што зачудувачки вознемируваат и речиси ме присилуваат да верувам дека сум сосема близу до проѕирните превези на првиот грев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И покрај раштрканоста на помислите забележав, поточно почувствував, како прстите ми шетаат по телото, секаде каде што ќе втасаат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еднаш една ноќ после долгото патување по разбрануваното море на љубовната авантура ја прашав Катерина, (навистина ја прашав); ѝ реков: „Ти ако беше Ева, замисли си ти ако беше онаа дамнешна пра пра убавица Ева, и ако знаеше дека она што го вложуваш во безграничната игра на нашите тела ќе биде причина да нè избркаат од Рајот, дали ќе се откажеше од играта!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Велам дека сум се будел но дали точно се изразувам не сум сосема сигурен!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова го спомнувам само затоа зашто сега веќе сум сосема сигурен дека токму тоа беше оној клучен момент во мојот живот што подоцна секој ден грижливо ми ја отчукуваше судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа е она што ми се допаѓаа кај Рцевски во неговите делови од Attiice: многу се “рајлиевски”.  К: Иако јас мислам дека ваквата употреба на музиката која е наклонета кон публиката и тоа го признава претставува спротивност на она што ми се чини дека го прави револуционерниот став...  Б: Не сум сосема сигурен...  К: ... затоа што го задржува статус кво-то и го менува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа не го прави она што реков дека музиката треба да го прави: да ги зајакне луѓето и да ги промени.  Б: Да, го прифаќам тоа, но не сум сосема сигурен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но во едно сум сосема сигурна: никогаш не те осудуваше. Дури ни во помислите“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најлесно е своите ближни да ги осудуваш. Да покажуваш со прст кон нивните слабости.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Еднаш рече: Значи син ми се откажал од Господа!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„О, јас сум сосема сигурен“, додаде татко ти, „дека и во двете војски речиси рамномерно беа застапени и крадците, и убијците, и шпионите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но негде, длабоко во себе, чувствувам дека не сум сосема праведна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беше неговата највисока осуда.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Лазаме сите. Значи не ќе да сум сосема сам. Со мене пак идат мртвите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЈА САКАТЕ ЛИ ПОПУЛАРНАТА КУЛТУРА?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред четириесет години едвај постоеше нешто како што се сериозни студии на популарната култура со што денес главно се занимаваат културните студии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Самиот честопати не сум сосема сигурен дека на таа тема можат да кажат нешто повеќе и подобро од нив двајца.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)