сум (гл.) - некаде (прил.)

Сега сум некаде, но не знам каде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ако не сум тука, некаде сум Некаде постојам, душам Некаде летам, извишувам Ако не сум тука, каде сум?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Туку, знај, ако еден ден ме снема под оваа стреа, тогаш да знаеш дека јас сум некаде на Вичо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тука сум некаде во тоа време. Затворена. Чекам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Зајден сум некаде, а тоа некаде, не ми враќа ништо, нема одѕив од светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)