сум (гл.) - далеку (прил.)

Забележувам дека светлината која во лето, кога е силна, ги изедначува преслапите на планината таму пред мене, сега, пролетта, кога е поблага, ги истакнува горните делови, врвовите и тумбите, и гледам дека ги има многу, дека не е еден гребен и еден преслап, туку повеќе гребени и повеќе преслапи, дека јас сум далеку, зафатен со расплеткување на пајажината што ја сплел големиот пајак на времето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега двајцата послушно наседнаа околу масичката. Мислеше: колку сум далеку од овие луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако сум далеку од селото, од жената, женицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Чудно ми е Гавруше, ти прв да стасаш и да ми ги спасиш децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Лесен сум на сон и не сум далеку од твојата куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Господе, колку сум далеку! И колку сум сама! - не ги отвораше усните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште сум далеку од станот, брзам, а потоа почнувам панично да трчам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тука престануваат улиците, само густо населено подрачје, се поминува низ куќни дворови, преку стари скалила, под тремови, понекогаш низ напуштени куќни претсобја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па, затоа што сум далеку од соговорникот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бегав пред нив. Кога мислев дека сум далеку од сите опасности, ме заобиколија вселенски работи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Костурот со проѕирни коски и со темни очила на черупката ги подаваше рацете кон мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во очите на Додо гореа силни пламенчиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Измислив мелодија и гласно ја испеав песната на златноглавиот пајак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го слушнав само јас: Не сум далеку.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не очекував, но тој се јави: Не сум далеку.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И дека не сум далеку од тоа да бидам исмеана и оставена стара мома. „Јано кој ги меси облаците? Бог?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не барај ме на земјата, мислеше. Јас сум далеку, во клунот на мртвата птица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се разбира јас сум далеку од ваквите искуства, но ете, токму таа слика ме следеше кога влегов во ходникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Понекогаш си многу умен и затоа ме плашиш! Сепак, Јана е избришана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Во еден момент помислив дека настојуваш да ме упатиш во некои твои недоразбирања со Јана - ѝ реков, верувајќи дека не сум далеку од нејзините размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Богами не сум далеку од помислата дека тој лично го има застрелано тој ваш генерал, и тоа од зад грб, во тилот, додека јавал зад него, или додека кутриот Генерал спиел а Иван Степанович седел на некое кутнато стебло приведувајќи го кон познатион жален крај своето одамна донесено решение: да му ги прибере парите на Генералот и да се стори најпосле барем со генералски шинел.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сум далеку од местото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа малечко парче бело што го минува кејот!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оф тетко мори!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Моите чувства останаа замрзнати, моите сетила се бесчувствени, моите погледи се изгубени, зошто моето срце сѐ уште е крај тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И сега кога сум далеку жалам за тоа што не го искажав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не сум далеку од тебе, тоа далечно чукање и не е така нечујно, го чувствувам секогаш кога ќе ме обземе немир, кога за момент ќе застанам, ќе воздивнам и ќе се насмевнам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога душата ми е разголена и сите мои молитви и благослови се толку блиску до тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А Никифор Абазовски постојано да ме бара. Да види кај спијам, колку сум далеку од него. Слушам: ене ја горе!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само душава моја е столчена, а телото изгазено, зашто сум далеку од моите три деца, кои ги оставив во племњата и в раце на Османлијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)