сум (гл.) - сам (прид.)

Сега сум сама.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа навистина беше сама.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Сега сум сама, рече кога го погребавме брат и...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Застана времето за мајка ми!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сакам да го викнам во грмушкава за да не сум сам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Много л' лежех, малко л' лежех без свест и без памјат... али кога дојдох в себе и погледнах в кашта, видох, синко, што сум сама, нема Турци клети.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
„Не сум сам, со кучињата сум... Имам оган!“ се силеше Бојан, трудејќи се да остане ладнокрвен, прибран.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Премногу сум стар, премногу сум сам, немоќен и уплашен за да можам да се кренам против злото, но со него, од бога, правдината и би ја распоредил така што секој створ на земјава да има еднаков дел од неа и да има еднакво право на неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога сум сам, секогаш сум тажен, многу тажен.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
По оваа историја, тие се смирија и започнаа сѐ поретко да се појавуваат. Сега сум сам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Хелихоптерот падна дур трепнеш, како сандак.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го гледав како заспива и посакував да легнам покрај него, а останував да седам во аголот на собата, со книга во скутот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Мене веќе ме нема. Ќе ме помниш ли по добро?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не сум сама. Ти си со мене.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не можам да заспијам кога сум сам,“ ми рече кога за првпат го најдов по непроспиена ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Господе, колку сум далеку! И колку сум сама! - не ги отвораше усните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа како ритуал го гледав секое утро зашто како вампир сите ги заспивам, а потоа прва се будам и бидејќи сум сама, им берам гајле на сите де, нели!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Биеја поткованите петици на погонувачите. Сега сум сам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
АНТИЦА:(со себе си). Нешто те нашло!... Ах, кај се сретна сега да дојдеш кога сум сама?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако помине, како што сум сама, ќе го викнам да дојде и... ќе го бакнам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (спокојна) Ако, сега не сум сама, вие ќе ме чувате. (сите освен Антица ги фаќа треска од страв).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: И ти побрзо да дојдеш додека сум сама?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Што да правам сега вака како што сум сама?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Иако пак сум сама на овој убав ден, ветувам дека нема да дозволам тоа да ми се повтори.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мирисот, таа неубава миризба полека ја носи северниот ветрец, а јас повторно сум сама.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На крајот, пак сум сама. Поточно, со мојата мила сестричка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И не ми е гајле, зошто вечерва се имам себе си, не сум сама.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не сум сама во кашата, ама знам дека сум на дното.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас пак сум сама.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Толку многу сум сама, што повеќе не го чувствувам ни своето присуство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога таа празнина е премногу голема, морам да сум сама.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Утот ми рече дека е грд и се крие од луѓето за да не му се смеат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Слични сме. Ти си сам и јас сум сам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Жеро Жерав го снема.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можеше да се рече дека, не сметајќи го Жеро Жерав, на тој простор сум сам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Биеја поткованите петици на прогонувачите. Сега сум сам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ве имам за најблиски Оти сум сам Во самица Пред чиј катанец Свивате колено Со молитви За сродство со изворот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Кажи: имаш потреба да се скриеш од сѐ и од секого, ништо и никој да не те гледа, така ќе ти биде полесно да излезеш на крај конечно на крај на светот но барем кажи: тогаш сфаќам дека се претворам во некого друг налик на говорна фигура, и се гледам со очите на другиот и не сум сама, не сум јас ... кажи - очите на јазикот дебнат саноќ, дебнат везден јазикот е видовит гата, прорекува и се провлекува отаде времето кога му се испушта да каже нешто што не треба кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Не, Ханс“, рече. „Не сега. Јас дома не сум сама.“ „Ти снаеш љубов. Ти шен снаеш.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Обично тој Привид, барем досега, се појавуваше кога сум сам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога ли еднаш ќе се сврши Ноќва без шум и звук на ѕвона (Таа е шкољка сета сонна и нема нуркач да ја скрши) Ти црна ѕвездо зошто трепкаш колосана со мртва смеа (Ги срони сонот сите клепки и еве пак сум сам пред неа)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Пуста Чана, добила за себе засолниште ама ѝ било тешко да ја остави неа тука сама! Па нели не сум сама тука?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И тогаш првпат сетив колку сум сама без него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од Јановден сум сама.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не сум сам, - ѝ реков, фрлајќи му се на дедо ми в раце.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми се чинеше дека тоа што сум сама и независна е вистинска казна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Имам пријатели што идат кога сум сам и глуво легло на неизвесноста вијам.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)