сум (гл.) - виновен (прид.)

Ако сум виновна, тогаш убиј ме!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Прости, чедо, Бојанчо, јас сум виновен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас сум виновен. Другпат не те оставам сам, - зборуваше низ солзи добриот старец. ***
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А пред моите, пред Дамческите, за ништо не сум виновен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Знам, вели Лазор, не сум виновен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ИВАН Во затворов соништата се чудни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Требаше да ме побара по телефон другарката секретарка Егејката Филимена за да дознаам дека Иван е во затвор и дека мене ме повикал Ѓурчин за да утврди колку сум виновен за неговото однесување!?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во затворот соништата се прилепуваат до јавето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не личат на соништата од обичниот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаев дека не сум виновен за смртта на срнчето.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сакав да му речам дека не сум виновен и декасето ова е чудна несреќа и за мене но не можев да говорам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јас и ден-денес мислам дека за сѐ што се случи и што не се случи меѓу мене и Луција сум виновен, во добар дел и јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се обидов да му кажам дека не сум виновна и дека ме принудиле да дојдам на сослушувањето; тој не сакаше воопшто да разговара за тоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги гледаше со тага, како да сакаше да им рече: „Не сум виновна јас, туку записите во крвта, а тие не се бришат, ниту се скротуваат“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Ќе те обесат, абдалиште. Кажи дека не си виновен, дека Онисифор Мечкојад сака да се извлече со тебе.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не сум виновен, се колнам. Онисифор Мечкојад ми скрши ребро.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Самотија и патение за кое самиот сум виновен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А најстрашно е - зборувам со измачен глас - јас мислам дека јас сум виновна, дека го донесов вирусот...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не сум виновна што кога талкам, насекаде после мене оставам распламтени јазици кои тлеат и чекаат да ги изгаснам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
После ќе се намачам да ја одлепам мастиката, а јас сум виновна што ме мрзеше да ја фрлам во ѓубрето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали јас сум виновна за сѐ!? Можеби не сме еден за друг.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Единствено за што сум виновна е што сум таму каде што не ми е местото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас сум виновен, само јас, што те заведов и тебе во оваа авантура!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше готов да заплаче, да истури солзи врз својот свет жолт нотес, наменет само за запишување на главните идеи, но сепак се воздржа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но и јас сум виновна, можеби само јас, бидејќи лесно влегов во приказната.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Па се разбира дека сум виновен!“ извика Парсонс, погледнувајќи сервилно кон телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Но јас не сум виновен за сето тоа...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас сум виновна што му поверував на случајно сретнат човек.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко му, според документите што ги приложил, добро заработува, - одвај успеа да ги каже овие зборови судијата , и додаде - јас не сум виновен, таков е законот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Немаше да стигнеш до тука денес ако таа ме беше послушала!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ах! не!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Колку сум виновен што не те издресирав како што треба! Добога! Што не те издресирав! Кога беше сѐ уште време!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас сум виновен за сите зла! Убијте ме!!!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КУРТА: Добро, што му е сега!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Да, да, - ме гледаше Грофот - веројатно јас сум виновен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На стражарот му реков да ти понуди малку повеќе воздух и светлина после оној темен престој што самиот си го одреди!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Може рече дека ќе дојде за 30 минути.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си реков дека за ова нема да му биде жал, затоа што јас сум виновна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ЕВТО: Знаев, но не сум виновен. Не можам јас во затвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ама смири се дете! – му свика строго тетка ми. – Престани кога ти велам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Раскажував со покајанички глас, често повторував дека сум виновна и дека таква глупост никогаш повеќе нема да ми се повтори.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ах, така, а? – се засмеа Игбал. – Прости, јас сум виновен што не ти објаснив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас сум виновен, јас сум мамо! – продолжуваше Саше неутешно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Итра сум јас, знам како треба во такви ситуации, но кога дојдов до моментот со велосипедите, малку подзастанав, сѐ уште нерешителна дали да пријавам дека кога сме се враќале од насипот сме виделе дека ни ги нема, или...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се чудев, што ѝ имам згрешено на оваа девојка та толку непријателски да ме осудува дека јас сум виновна затоа што не сум таму, во време во кое подготвував еден од најважните испити.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)