сум (гл.) - кој (зам.)

Нека ми прости Господ (ако не сум кој знае каков верник) ама син му во Канада се помести од умот, ги исплати гревовите на татко му!...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Свесна сум кој е филмот и до каде стасала работата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми гу нема Димустен, ми гу нема Доне, нема су кој лаф да скршиш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во воз сум кој изгледа како да е од повоена Русија, седиштата од чија утроба ѕиркаат потемнети сунѓери и зарѓани пружини, прозорци кои не се сеќаваат кога последен пат биле отворени, реа на мочка (купето е изгледа блиску до ВЦ-то), и завеси со кириличен акроним, тромави од насобраната прашина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
5. Дрвото е најубавата насмевка на животот Пријателе, како птицата се селам без мото Кога читам пејзаж окото ми се разубавува Кога полудувам, предел сум кој утешува Кога починувам, во глетка преминувам Дрвото е најубавиот пријател на погледот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)