сум (гл.) - ве (зам.)

- Знам, сум ве гледал неколкупати заедно со неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакам татковците ваши да речат дека сум ве настинал уште првиот ден.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мал знак на внимание кон наделеку познатата госпоѓа Петра“ „Со ништо не сум ве задолжила“, рече Петра поклопувајќи го со едната рака кесето со кафе и подавајќи ја другата кон шишето вињак, како да е готова да ги турне назад кон него и без проблем да ги тргне кон себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Насмеано, дотерувајќи го чаршафот на масата во знак на внимание кон гостинот, му рече: „Вие сте јабанџија! Досега не сум ве видела?...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
ПОЦКО: Што велиш, дородок!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од сите што сум ве родил, ова ми е најмило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Како, го прашувам. — Спасете ме, вели, зашто многу сум ве сакал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас вас до денеска не сум ве видел ни во некое село ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник го шетав сиот наш вилает и по села и по градови; арно ама нигдека како вас Човек не сум видел.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во меѓувреме и Евдо се врати од својот вир со една пастрмка до неговиот лакот и колку чепорокот на Геро, така што Ване мораше да одмери: - Па добро, Геро, зошто толку нè гонеше додека снимавме?  - Како мислиш, сум ве гонел?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас вам до денеска не сум ве видел ни во некое село, ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник шетав сиот наш виљает и по села и по градои; арно ама нигдека како вас чоек не сум видел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ви се молам, стриче ле, ако не ми кажиш од кај ме знаиш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ѓорѓија си купи музика од Дебиси, Равел и Сати и почна да ги слуша многу гласно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Излегувајте од овде сите тројца! Да не сум ве видела, говеда едни одвратни! - тетка ми се сврте накај нас и почна да мавта со четката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Многу од она што сум мислел да ви го речам кога сум ве среќавал по улиците, во училиштето, по парковите, по плажите - секаде, сум го напишал во оваа книга.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Благодари му на бога што не сум ве сетил кога сте ми ги празнеле шаржерите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
За среќа никој не дошепнал дека јас сум ве пренел преку Езерото, преку границата. Чудно! Ќе настрадав.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)