сум (гл.) - слушне (гл.)

Сум слушнал дека е убиен, но не знаев под какви околности“, реков јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но никогаш досега не сум слушнал вакво: од глувче, од малечко и обично глувче да пукнеш од страв. Хм!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сум слушнал дека мнозина се плашеле од мечка, волк, носорог, змија.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Летаат ли Оџа магарињата?“ „Не знам. Не сум слушнал. Само имам видено како паѓаат од облаците самари!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едни велат дека набрзо го поарчил она што го имал; и љубовта брзо му истекла; а кога го продал коњот заминал“. *
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
* „Какви му биле намерите кога дошол под Сина Скала со невестата? Не сум слушнал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Јас се смеам а Ристе молчи. Затоа и решив да го напуштам надитрувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме праша дали сум слушнал за Партијата на народниот дух.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше во таа насмевка потсмев; јас тоа добро го знаев, оти во една прилика му се исповедав на отец Пелазгиј дека сум слушнал небесна музика во храмот, додека сум го призивал Бога, во часови бестелесни и бесчулни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сум слушнал за тој камен.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не сум слушнал, а и многу не сум се распрашувал за нив, бидејќи и прашувањето се казнуваше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На лицето на човекот, чие име се уште не го знам, се појави израз на вчудовиденост и по кратко молчење, рече: - Не сум слушнал дека во Сукт имало такво нешто... - А кој пат води за Сукт?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ама не сум слушнал дека тука во Перењас имало ваши луѓе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не само што сум слушнала дека се грижливи околу малечките, туку во очите на срните, кравите, антилопите, и не само во очите туку и во нивните движења, има нешто мајчинско.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не сум слушнал ништо од него“, реков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој пес и со тоа се прчи, тој пес со красти.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се уште не сум слушнал таквото цвеќе некој да посакал да го засади пред зградата на извршната власт во државата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оттогаш ниту сум слушнал ниту, пак, сум видел некои (се мисли на театарските куќи или културните институции) да организираат јавно читање на текстови за театар.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се уште не сум слушнал за цвеќе што би се викало Роб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во животот сѐ уште не сум слушнал човек што ќе каже: „Леле луѓеее, да можевте да видите, поточно, да можевте да слушнете, каков аплауз сум упатил на актерите на сценскиот живот“, затоа, пак, многупати сум слушал како некои чинители на духовните добра се фалат токму со гласноста и времетраењето на аплаузот што им бил упатен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Не сум слушнал“, го прекина Тарасевич.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Генерал Первоједов би сакал да ја има честа да се запознае со вашето превосходство и се надеваат...“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ни јас не сум слушнал за нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Никогаш не сум слушнал за нив“, рече барменот. „Литар и половина литар - тоа е сѐ што служиме. Чашките се на полицата пред тебе.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Па добро, знам... Сум слушнал такви приказни дури и во мојата Македонија...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- Не сум слушнал за такви нешта. Ти ги измисли? - сериозно се исчудуваше Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Станува збор за француски филм и за француски борци затоа и немаш слушнато - му објаснив на Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сум слушнал за такво име, ама еве сега можам да го видам и тој што го носи името....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Збор за поплака од нив не сум слушнал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А велиш Ристо и Ташко, а? Не, за Ристо не сум слушнал, ама за Ташко од Крчишта, сум слушнал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И јас сум слушнал дека учеле за команданти и комесари, ама, изгледа, во таа своја ука заборавиле да бидат луѓе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Дрвото, сум слушнал, треба првин да е или црешово, или јаворово, а после...“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)