сум (гл.) - почне (гл.)

Патем, забележувам дека сум почнал да си потпевнувам една заборавена мелодија.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Вака е полошо, кога ќе дознам нешто ново за неа, а баш сум почнала да танцувам со Луис Марија, сум почнала да го бакнувам, или сум само близу Луис Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чувствував, според нејзиниот глас, дека не лаже; но тоа отвораше сериозни прашања во врска со моето душевно здравје: ако е така, тогаш јас сум почнал да гледам работи што се невидливи. И да слушам работи што се неизговорени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што знаев јас за резили, ја следев како што можев, се сеќавам дека ја слушав придушено. Votre âme est un paysage choisi... но си ги гледав дланките низ клавишите и се чинеше дека добро свиреа, дека чесно ја следеа Нора.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А кога забележав дека и таа мрда, заедно со мене, сум почнала да се радувам како со најблизок роднина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)