сум (гл.) - земе (гл.)

И што ќе ти ми рече: „Земи си ги нозете и бегај од куќава, додека не сум зел дрво да те избијам... и така натаму.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАКИ:: Но не само тоа што немаш чест да седнеш, туку еве ти велам: земи си ги нозете и бегај додека не сум зел дрво да те истерам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А јас сум седнала онака настрана, сум зела игли и јаток и си плетам со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ај што го смета татко ми, демек дедо ѝ, за будала; ама и мене, што сум зела маж генерал без војска, нареден со ордени на градите и со прави бразди на мозокот, кого ако го прашаш за Крива Паланка ќе ти го покрие со палецот цело Мариово, а кога ќе му го побараш Мртво Море од Арабискиот Полуостров ќе направи мрвка за под ноктот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сум зела да подвикнувам, а тројцата Албанци веќе идат по мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)