сум (гл.) - забележи (гл.)

Ракописот ми станува тотално неразбирлив.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воодушевен сум од шоуто, меѓутоа не можам да прочитам ништо од забелешките за претставата. 21.15 Почнувам да се повторувам, заборавајќи што сум забележал претходно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Толку се бев занел што воопшто не сум забележал дека дедо ми, кој седеше на столче крај огништето, веќе неколку пати ми велел да одам надвор и да донесам дрва.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
„Чао. Како досега не сум забележал дека имаш уморни и тажни очи?“ Навистина, како не сум забележал?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нему, очигледно, му беше смачено од расправии и не сакаше да отвора друга тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се преправав дека ништо не сум забележала. И татко ми се преправаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Види, јас никогаш досега не сум забележал дека пред нашата куќа нема ниедна улична светилка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Досега не сум забележала дека доручекот игра толку значајна улога, не од медицински или нутриционистички аспект, туку во мерењето и доживувањето на времето, истекувањето на минутите, часовите, деновите, месеците и годините.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Веројатно сум ја насетил опасноста, сум забележал едно лице што постојано ми ги преокупирало мислите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Оти, јас, наставничке, колкупати таму сум забележал дека некој во неа живее.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не сум забележал в зима дека чад излегува од оџачето на покривот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јак, здрав, очи да не оделиш од него. Сум забележал, момиве се сопнуваат гледајќи по него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
-Не-е-е, јас не сум забележал ништо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А јас во животот сум забележал дека постојат и машки и женски души; на машките душата им излегува по желба, а на жените им ја вадат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)