сум (гл.) - види (гл.)

Не знам дека нешто сум видел, ама знам дека жена ми е таа што се овлажни во мојата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Едно од инженерчињата ми вели: Не сум видел, Коте, вели, луѓе како вас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никогаш и никаде не сум видел попитома риба отколку овде на Босфор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби никаде толку полицајци на секој чекор не сум видел како во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најинтересно на овој пат ни беше тоа што побелените полиња речиси без прекин без исполнети со јата еребици и фазани и чинам на друго место не сум видел толку зајаци како овде, на овие снежни полиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас не сум видел град, кој толку многу се сврзал со брегот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Знам, сум видел луѓе со слабички срца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Страшно! Никогаш такво нешто не сум видел досега: силен пламен, чад и раздробени парчиња се разлетаа на местото каде што беше авионот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Кој? - Па тие што ноќе си ги копаат очите некаде ... - Никого не сум видел ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„А што правеа внатре?“ Како знам, кога не сум видел?!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Меѓу другото во него ќе истакне дека „никогаш во животот не сум видел толку висок морал како кај вашите борци во нашиот заеднички поход“ како резултат на „вербата во победа“ и „вербата во своите раководители“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Сум видел јас и рис, и диви свињи. Мечка уште не сум сретнал...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Такви не сум видел долу, - рече Бојан. - Не знам ни како се викаат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Јас никогаш не сум видела. Освен Домаќин, ако Домаќин е тоа?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сум видел многу тешкотии...“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во Америка јас сум гледал претстави што чинеле милиони долари, но не сум видел за една вечер толку голема убавина сконцентрирана во една единствена претстава каква што е претставата на Ансамблот... (Нова Македонија, 10 февруари 1953).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ама дали сум видел негде во улицата црна мачка?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И затоа ќе одам во Рим, Богу да се исповедам оти и јас гледав со очите на нечестивиот и согрешив; оти сум видел нешто што привид е, а привидот е дело на нечестивиот; одам да ја уцврстам вербата своја во Бога, ако веќе не е предоцна“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога по серпентините се искачивме до врвот на планината и го здогледавме морето, извика: „Вакво нешто не сум видел досега!“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сѐ уште не сум видел некој од режисерите, уште помалку од директорите, од уметничките директори на театрите, да ја изартикулираат (па нека биде тоа и во пропагандниот материјал) причината поради која театрите ни се полни со претстави работени по делата на Шекспир, Брехт, Жари, Лем, Гловацки, Тарантино.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Оттогаш ниту сум слушнал ниту, пак, сум видел некои (се мисли на театарските куќи или културните институции) да организираат јавно читање на текстови за театар.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Јас еве седум години сум терорист и уште така сигурна рака не сум видел. (Се слуша клучот во вратата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„И не мислеше да дојш дома, а? Признај Абе сум видел љуѓе ама некој ко тебе да се испајпузи, то нигде го нема!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Остајте, браќа, не је за кажуање, и за веруање тоа што сум видел и што сум патил во овие две - три години, ама ак ми беше тоа што сум патил, оти од таткоа и мајкина клетва не су веруал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Околу мрак навечер, пред саат - два да зајде с'нцето, застанал на патот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ем слушајте вамо и вие мазлич - алари - му рекол на мезличот - еве ели јашана сторив и он јаша кадија кај сум, нели ферман сум видел, иља ваков ферман до рака не ми дошло.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вие, вие како сте, браќа, како попминувате во селово?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Имало колку едно гумно вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
МУЗУР - судски прислужник, курир МУКАЕТ - заинтересиран, внимателен, со обзири МУНАСИП - умесно, згодно, поволно; сходно МУУР - печат НАСИЕТ - поука, совет НЕЛЕР - (Нелер ферман сум видел) - Какви (секакви) фермани сум видел, ама баш ваков не сум видел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На друго место не сум видел нигде огин.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јас вам до денеска не сум ве видел ни во некое село, ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник шетав сиот наш виљает и по села и по градои; арно ама нигдека како вас чоек не сум видел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Вака си велел само со себе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јанл'ш пазар багдатан донер (Погрешен пазарл'к и од Багдад се враќа), та и јас така напраив, се вратив да је нарачам на аџијцата да не 'а секни набрго навечер лоената свеќа за да гори многу, чунки со тоа се пусти куќа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Е, јас лично сум видел сос мои очи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ем јас чунки сум прв на земјава наша, како војводата ваш што го имате во Прилеп, така и јас сум овде; да сум ја опколил сета земја, околу - наоколу и сум видел оти не можи ништо да се прибери од лоши спили и далги.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, оти?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ви се молам, стриче ле, ако не ми кажиш од кај ме знаиш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ко и копале темелите многу вода излегувало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Туку ти лели си при мене, нема да те остаам овде, ќе ти барам некое чаре и ќе си ојме заедно дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Па јас олку женство и кај жената моја не сум видел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Богами, ваква ламја не сум видел за работа, рекол Мирче, оваа сите може да ги носи под мишка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А јас многу сум видел како него. Овде ги носам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако поминале, отишле. Ни сум чул, ни сум видел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Сум слушал, реков, не сум видел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А ниту говори, ниту мрмори. Такво нешто никогаш не сум видел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во треска, одвај се држеше на коњот, стигна во градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми се стемни пред очи. Решив да му се одмаздам со своја песна, да го понижам, во исто време да заборавам на неволата што ме снајде.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Веќе не знаев дали навистина сум видел гасеници и бели призраци или само така ми се сторило.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Таква храброст уште не сум видел, можеби мрмореше малечок, но тоа беше храбро.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Такво улаво, безглаво бегање сѐ уште не сум видел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја жулкаше Богдан и ѝ велеше: „Вакво руно уште не сум видел...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И веднаш пред да бидам сигурен дека сум слушал и сум видел нешто, визијата се распливна, ослободи простор за ноќта на која не можев да и избегам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си помислив, не сум видел цилиндар со години. Сосем исчезнаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не сум видел свеќник од месинг со години.“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ретко сум видел некој толку брзо да ни пристапи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сум видела портокали.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш не сум видел таква убавина, ангел.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Светилките беа веќе запалени. И во дуќанчето внатре светеше. Не сум видел почудесно нешто.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Им ја стисна раката во знак на сочувство, утеха и восхит: - Не сум видел досега ваков човек кој така спокојно ѝ приоѓа на смртта...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ете четири години не сум видел.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Седи тука, бе!, ми вика...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не си арен? Да не си болен нешто, смешко?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никогаш не сум видел толкава!... Го зафаќаше целиот ѕид...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никогаш вака високо небо и јадри ѕвезди не сум видел...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ем јас чунки сум прв на земјава наша, како војводата ваш што го имате во Прилеп, така и јас сум овде, - да сум ја опколил сета земја околу наоколу сум видел оти не може ништо да се прибере од лоши спили и далги.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас вас до денеска не сум ве видел ни во некое село ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник го шетав сиот наш вилает и по села и по градови; арно ама нигдека како вас Човек не сум видел.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Никогаш не сум видел во живо ниту еден.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Да го фатам? Хо, хо, злато!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Такви јунаци сум видел и на друго место.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сум ги прегазил тукуречи сите наши планини, Пандо, ама толку многу јаново цвеќе на друго место не сум видел.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Никогаш не сум видел на лединкава овци или говеда да пасат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се правам дека ништо не сум видела.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добро, велам, не сум видела гулаб со три крилја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
33. Снег уште не сум видела надвор, ама дека прозорчето без стакло, кожата постојано ми стои намовната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Просто, му се раздроби и ќе му препукнеше до колку не праша: - Целиот бел север го испросанкав, многу видов и превидов, ама ваков панаѓур, волку убав свет, не сум видел ни насоне.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ниту сум видела, ниту сум чула за самовили и вештерки, за никакви бели мечки, ниту знам што се тоа Ескими!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Белобрадест господине, најпосле откачи куклата, откако сум родена, јас не сум видела никаков југ, ни далечен, ни близок!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Кртот, бабо? Никогаш не сум видела крт! Само во цртани филмови.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„И јас не сум видела.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Крилцето и се тресеше. не сум видел досега: од нашата тераса кога малку ја поткренеш главата, се гледа целото небо.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Наедаш од зад густиот облак се појави полна месечина, подувна ветер и небото се наполни со јадри ѕвезди какви досега никаде не сум видел.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Над нас безброј јадри ѕвезди, какви што никогаш досега не сум видел над американските предели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А дали сум видела аскер? Сум видела.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сум видел како од убав автомобил, низ отворен прозорец се подава женска рака богато украсена со гривни и прстења и како од неа на коловозот паѓа кора од банана!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Леле, колку е силен! - зина Саше. - Вакво нешто сум видел само в театар.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да сум видел што убавина е ова.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сум видел многу нешта. И сараи на пашите има насекаде, кој од кој поубави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)