сум (гл.) - бричи (гл.)

И живи и мртви сум бричел. Ќе стане некој од спиење – кај Тасе на дуќан.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Да има правда рацеве златни би биле.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Што сум бричел на високо и највисоко. Во Горица. На Бриони.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Пуштиле такви бради, што само колец може да ја оправи работата.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Еве и јас, оној ден се допирам за лице, нешто влакнесто и гадно. Ќе се дамлосав.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сум бричел по тројца одеднаш. Сум бил познат по тоа. Други времиња беа.