стрча (гл.) - кон (предл.)

Но ед­наш, кога Чанга мина крај нашата куќа со стадото, нашата Сталинка оддалеку ги насети козите и прчовите, па се стрча кон нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еве што тој ми раскажа: - Еден ден, така шетајќи низ овдешниве улици, едно куче се стрча кон мене.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стана, ја зграпчи пушката, стави пет патрони во лежиштето, стави уште дваесетина во џебовите, па се стрча кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Денко, брзо! - свика и колку што го носеа нозете се стрча кон стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со блеење, една преку друга, тие се стрчаа кон потокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Личам на деда си, - се насмеа момчето и се стрча кон поточето, кон длабокиот вир, да ги лови неуловливите пастрмки, што со денови ги гледаше, а веќе трет ден се обидуваше да ги улови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа се стрча кон поточето, се исплиска со студена вода и пак со трчање се врати во колибата, за да се избрише.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Елена префрли преку рамо шарено пешкирче и потскокнувајќи си, се стрча кон поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа стави уште едно в џеб, се симна низ скалите и се стрча кон потокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овците, блеејќи, туркајќи се, се стрчаа кон поилото, подивени, обневидени од долгата жед.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом ја видоа светлината, кучињата се стрчаа кон него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штом го виде, Билјана стрча кон него и му се закачи за раката.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Брзо се стрча кон бунарот во кој беше струполен старецот, да го бара; се наведна, викајќи по него: -Старче, каде си?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се стрчавме кон морето и веќе пливавме, меко собирајќи ги и издолжувајќи запоставените клетки на нашите тела.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се стрча кон таа насмевка и со двете раце ја гушна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Марко ја чекаше дада си и откако ја здогледа се стрча кон неа викајќи: "Гледајте! Гледајте! Дада станала пионер!"
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Наутро штотуку се разбуди, се стрча кон кутијата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ќе свршиме со една меѓа и ќе се стрчаме кон друга. И ораме со мотиките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некого ќе го касне оса и тој ќе се стрча кон реката да се трие со песок, со белутрак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На ова Гоше кивна, нешто му се измеша во желудникот, се наведна, се фати за устата со левата рака и, држејќи се со десната рака за газот, блед и разбушавен се стрча кон спачекот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го запре вжештениот коњ и се стрча кон неа. Ја прегрна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ревејќи со волчи гласови, гардистите ги кренаа веслата, а Пишпирик и Барбут- бег се свртеа и се стрчаа кон шумата на четирите годишни времиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Дали ми поверуваа или не ме разбраа не знам. Самите завеслаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш оддалеку го чу лаењето на другите кучиња, го пушти противникот и се стрча кон шумата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Срцето му заигра и стрча кон неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По оваа молневито свршена работа, стариот погледна во врзаната Анѓа, го испушти крвавиот јатаган, ги рашири рацете за прегратка и се стрча кон неа, ја прегрна и почна да ја целива по крвавото лице.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По неколку минути почнаа исплашените кадани една по една да ги поткреваат главите, и, откако се уверија дека напаѓачите се изгубија, прва Ајша се исправи на нозе и длабоко се издиши, па се осмели да проговори: – Што стана, мори ќерки! – и се стрча кон кадијата кој длабоко простенка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
АЦЕ: Овој се стрча кон мене и се дереше дека ќе ме убие.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
И кога ловците ја здогледале зајачицата го натерале да го запре автомобилот, ги отвориле вратите и се стрчале кон грмушката.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таму е нашата шума!“ викаше Мими и се стрча кон заснежената целина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Бате Јоле се стрча кон неа, а ние отидовме по него.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа со молскавична брзина грабна два од моите шаховски коњи и се стрча кон вратата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тета се скамени од ужас, го фрли парчето леб што сакаше да ми го подаде и се стрча кон Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка ми, сета расплакана, се стрча кон мене, а татко ми ја остави телефонската слушалка и смуртен, како најоблачниот ден на светот, се упати кон нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Молчеше и ги стегаше забите, а една жила му беше излезена на слепоочниците и убаво се гледаше како силно му чука, како да ќе му се скине секој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Штом го виде, Билјана стрча кон него и му се закачи за раката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)