стори (гл.) - абер (имн.)

— Ќе видиме кој на кого! — и одговори Крчо и побегна долу Црневата улица, за да му стори абер на Шпира, вечер да слезе до кај нив долу. — Татко нешчо те вика, — му рече.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шо имам по некоја партал од виа ѓупцките, ќе си и собера, имам едно сандаченце, и утре кога ќе ми сторите абер, тогај су готова.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На Митрета му се бендиса одличниот план и длабоко се издиши, небарем товар симна од грбот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но оваа потера излезе вечерта, и преку ноќ накачи горе и го фати орманот, та дедот Joван не ја забележи за да му стори абер на Толета да се засолни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ошче сабајле јас прати едно од децата да му стори абер на Толета оти сте тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Останавме, ете, живи, но желни да тргаме и понатака маки, — одговори Гарванов за сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јован го знаеше целиот овој историјат, та затоа кога му посакаа Толе и Трајко петстотини лири, се пренесе во тоа длабоко минато и си рече: „дојде Катар Ќаа пo неговото, требе да му се одборча" — и почна така шегаџиски да се однесува со нив, како боже со благодарност им ги враќа нивните пари што му ги дале на заем.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зад нив се слушна чврчорење од јаребици, и една претрча пред нив, како да сакаше да им стори абер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кајмакамот му стори абер и на валијата, ама сета мака остана попусто.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арно ама, Брле веќе се поприсети, та му стори абер на мудурот во Витолишта, а овој на кајмакамот во Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Арамиите го извлечкаа ранетиот другар надвор од селото, утредента Сиве стори абер на мудурот од Витолишта, ама реши да се исели од Будимерци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И таа е наредена — одговори спокојно Илија и му објасни на Митрета, дека тој им рече на трупарите и на мајсторот да и кажат на потерата дека дојде Толе Паша, зеде леб и фати нагоре орманот, а од нивна страна веднаш тргна Илија да стори абер в село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По недела две се најде отепан Турчинот, Катил Шериф, на патот за Прилеп; по друга недела две Тоше Налев им стори абер дека го видел Толета во Битола како се шета по атпазар, та се осмелил дури и на ан кај него да појде и да му ги побара седумнаесетте лири што му остана должен Јован Сиве во Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никаква шега, ами навистина се затресе пашата и се замисли што да прави ако му дојде Тоде еден ден да си ги бара сметките што го брка толку време по Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината — објасни останатиот селанец, Стојан Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот и мудурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа една вечер Брле нарача по Суклета да и стори абер на Митра да дојде на колибата за слонарка, да ги варди јагнињата и телињата во аслото и да му помага во припуштањето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тешко на тој мариовец шо не ќе а слуша и најистната негова заповед.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога му стори абер овчарчето во Будимерци дека нападнале и други чети во неговиот „пашалук" тој ги поткани прилепските војводи да го придружат, да видат кои се овие сега што нападнале во Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога потерата дојде, Толевци ја видоа, и колку души се, и кој се со нив од селаните, но Толе не сакаше да ја нападне и да пролева невина крв. Co еден збор, тој не ги мразеше бедните војници, кои и сами стенкаа под железната дисциплина по десет петнаесет години во султанската армија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мудурот, макар да не го изнесе случајот во Старавина на мулазимот, сепак го наговори да испрати една десетина, да прокрстари малку по нивниот реон колку да се види дека власта е будна, та да не се случи да му влезат и во самиот конак некоја ноќ, или да го запалат да изгори, како што му се фалеше Толе кај Сивета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина така стана. Уште по полноќ дотрча еден од мелничани и стори абер дека аскерот излегол и се наоѓа во нивното селце, но никој не смееше да го разбуди Толета дури не пукна зората.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Младите штрчиња ги учеле да летаат нависоко и Аџијата беше распратил абер по сите страни да се чинат азар сите штркови, за на свети Панделимон да тргнат за на вилает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Младите штркчиња 'и учеле да летаат на високо и аџијата беше распратил абери по сите страни да се чинат азар сите штркој за на свети Панделејмон да тргнат за на виљает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во тие неколку дни Силјан испрошетал сето поле Прилепцко и извидел секое долче и ритче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)