стопи (гл.) - мраз (имн.)

Не довикувај ме далечен, не довикувај ме, заминувам по патот на вечноста, да ја стоплам душава, да го стопам мразот што се насобрал околу срцето. Заминав во заборав...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ѕвечкањето на коцките мраз во чашата во неговата рака го потсети дека повторно пребргу го испил пијалакот, пред да се стопи мразот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Некоја мртва птица како да оживи во детските гради, се стопи мразот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)