стои (гл.) - така (чест.)

И стојам така над неа: втрештена, опалена, изгорена. Ја тажам, се тажам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас стојам така на вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас стојам така, одвај ја крепам, ја закрепувам, а таа ми плаче на рамена. Истура солзи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стојам така подврзана, а никој нема околу мене. Дури и сенката ништо не ми кажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стоиме така и тресеме клинци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)