стои (гл.) - уште (прил.)

Во сандакот му беше останат само уште еден сомун леб, стврднат и начнат на едниот раб, а во другиот агол стоеја уште пет сотни компири.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во статијата каде што прочитав за праксата на Македонците проблемите да ги решаваат со лекови наместо со разговори, стои уште и следново запишано: „Поради присутсво на стигма за овие услуги, многу луѓе живеат во темнина...“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Жената му стоеше уште пред очи. - Рано е да се прибереме. Што ќе правиме дома?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На масата стоеше речиси до половина испиено шише црвено вино по вечерата ѝ стоеја уште неколку нераскренати садови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тие два цртежа ги сметна тој од ѕидот, утрото пред самото отворање на изложбата, ене ги стојат уште на бирото во изложбената канцеларија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)