стои (гл.) - тука (прил.)

„Ако треба на секој камен ќе ставам потпирач и куќата ќе си стои тука... И ние во неа“, велеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И не декатоа нешто знаеше за опасноста што ја демнеше неа, туку провидението него непогрешливо го учеше да не се одместува, да си стои тука.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
- Тогаш што стоите тука! – им се избрецна тој. – Бргу таму и да не сте се мрднале додека не дојдам. Разбравте ли?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ме погледна и ми рече: „Толку многу ги има“. Стоеше тука веќе со часови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеше да стои тука и да гледа како уште еднаш му го однесуваат неговиот плен пред неговата посегната рака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега таа стоеше тука, дојдена речиси пред неговата врата, и во неа можеше лесно да се прочита дека самјакот таа утрина само ја сменил шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мечката знаеше дека не ќе може на мир да ја насити својата глад, која беше толку неиздржлива во неа, што дури беше ја скорнала и од нејзиниот тврд зимен сон, сѐ додека се двајца, сѐ додека тој стои тука. Едниот мораше да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што потоа? Ако навистина среќата на нејзиниот живот стои тука, сега, пред неа?!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа се сврте кон мене и рече: “Како во тие зборови да е сѐ што останало од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа така ќе биде, само што во стварноста, и денес и подоцна, ќе стоиш тука, со опипливо тело и стварна глава, па, значи, и со челото, за да удираш со раката по него.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, барем книгите нека стојат тука!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Зошто стоиш тука? Не се плашиш... - Не. Од што би се плашел?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Ти... како нешто да мислиш... - што ти паѓа на ум!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Жената исплашено сподави во себе крик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)