стои (гл.) - скраја (прил.)

Пандо стои скраја од џадето. Во грлото небаре има грутка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За цело време Деспина стои скраја учествувајќи и самата во радоста на двете пријателки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пак угорнина над која ниско висат облаци со боја на олово.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога се протуркуваат низ жените, кога немо стојат скраја слушајќи ја богослужбата посветена на мајката над мајките, Перса, забележувајќи ја силната светлина во нејзините очи, ќе прошепоти Мислам дека е време да излеземе во дворот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Едно стебленце стои скраја, неугледно и грдо меѓу другите.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Неколку од момчињата кои во текот на ноќта ги будеа доброволците го видоа Нумо кога стигна до камионот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На врв рид два камиона стоеја скраја од патот. Шоферите се вртеа околу нив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И кога стигнуваа вести дека партизани ќе поминат низ село или ќе останат на конак, таа секогаш излегуваше и, стоејќи скраја од патот, гледаше како минува колоната и прашуваше дали некој ги знае нејзините Ристо, Ташко и Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)