стои (гл.) - само (прил.)

дали тогаш се сети дека жената и детето му останаа во Албанија, не знам што се скрши толку за да стои само заделен, ко забошотен човек, го гледаме ние Радевски, а Апостол Макаровски ни покажува две кабини со врати на заклучување, одете вие во кабините, ни вели и едната ни ја дава мене и на Горачинов, а другата на Оливера Поточка и Манол Форевски, вие сте сепак брачни другари, вели,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седејќи на балконот Благица гледаше на местото пред нивната зграда, каде што минатата година имаше нишалки, вртешки и клацкалки, каде што така весело се поминуваа летните денови, а пак сега стоеја само неколку дрвени диреци.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Другата жена стои само така: ги завртела крајовите од скутината, ги собрала во рацете и нѐ гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не стои само со тебе, до никаде не те покажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои луѓе со часови стојат само пред султанската дијадема, со 84-каратен дијамант, сместена во една витрина, која заслепува со своите светлосни преливи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури, еднаш, на коридорот, еден мој другар ме прашуваше како сме си поминале на тренингот и дали навистина можам пет минути да возам на едно тркало; Луција стоеше само на метар од нас, сама, замислена, и гледаше низ прозорецот; надвор врнеше, таа гледаше во дождот, а долгата, црна коса, собрана во опашка ѝ паѓаше по грбот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)