стои (гл.) - нем (прид.)

Барем ти спаси се од одмаздата што ќе дојде утре. Патувај, младоста е иднина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веле стоеше нем и скаменет не можејќи ни да се помрдне, ни да отвори уста и да каже нешто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ѕверовите губат здив кога кришум ќе се здаде од модрите длабочини А кога ќе извисне и кога ќе зататни во грлото запенува вруток бел Божилакот стои нем под кој еднаш сал помина секавица престорен Трча коњот мојот коњ Патот му го брои времето на зелен часовник Понекогаш кришум идам да го видам јавачот дали седи во сенките или шета по времето А тој - уздата ја држи главата му во облаци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А надвор беше чудно убаво. Дрвјата стоеја неми, побелени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Меѓутоа; како сенка зад сенката на својот врсник стоела немата девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)