стиска (гл.) - ги (зам.)

- Мањифико! - извика докторот стискајќи ги дланките една со друга.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Овде во Америка, стискајќи ги во раката своите книги, својот единствен ID (кој, се чини, не вреди), ја чувствувам сета трагикомичност на EEW, етикетираниот источноевропски писател, кој своите несреќни татковини ги влече со себе како задолжителен багаж, што секако, дури овде е присилен да го влече.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стискајќи ги забите, човекот сосила ги запираше солзите на лутината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Не, не стискај ги очите! - ми вели таа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стискајќи ги забите, човекот на сила ги запираше солзите на лутината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ти си ја загубил совеста! - рече Арсо возбудено, стискајќи ги усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— И се насмеаја обајцата, држејќи си ги веќе десните раце и стискајќи ги еден на друг што поцврсто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прстените во `рбетот му се трошеа и тој се виткаше стискајќи ги со брада ковчестите гради.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)