стигне (гл.) - и (чест.)

Скоро ќе стигне и есента и вие весели ќе дојдете да ме заколете.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Од тој момент, сонував да стигнам и јас да јавам коњ, имав мерак што ми остана, што се вели, до старост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пред полетувањето стигнавме и да се запознаеме.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- пиши, пиши... пиши, пиши... - ...голема дарба... толку способен човек... како му подарил господ толку...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Ете, - прошепоти Јован – стигнав и јас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој почна да се нервира и верувам дека наскоро ќе ме испади, и тоа со лоша карактеристика.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Веста стигна и до нашето семејство. – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајќи го плеталото крај себе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така жалба стигнала и до градскиот секретар. Се ределе поплаки од сите страни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои стигнаа и да налепат плакати, да подготват летоци, да испишат транспаренти со пароли, во прилог на козата со успешни цртежи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стигнале и Османлиите. Се утврдиле во нашиов град, тука да векуваат, а продолжиле кон Европа, ги запреле пред вратите на Виена.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)