стигне (гл.) - некако (прил.)

Му ја остави пушката и седлото од коњот на попот, а со нив заедно Брниклијата, Најда и сина си Велјана за „момци" на манастирот до Ѓурѓовден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)