стигне (гл.) - некаде (прил.)

Брзаа и трчаа да стигнат некаде уште послободни, уште посами, уште во поскришен честар, каде ни господ одоѕгора не ќе може да ги види.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се водеа по тесното патче од Кучкин Камен кон Суши Кутол и се грижеа да ги заборават сите непријатности што ги поднесоа овие два три месеци, зафатени со таа општа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го имаме овој интересен конфликт - смислата на насоката, потребата да се стигне некаде, но во медиум кој има своја сопствена, веројатно различна, смисла на насока. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 143 ñКако се нарекуваш себеси деновиве, продуцент?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Скраја од џадето, скриена во збитолистот на благунот, пее белотртка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Покажав со глава кон планините. - Ајде, одиме, одиме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со бавен чекор Пандо тапка пред себе, чепка со патерицата во глогот што расте крај патот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Како да им беше страв дека, ако забрзаат, побрзо ќе стигнат некаде.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Учиш да одиш за да можеш да стигнеш некаде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Учиш да зборуваш за да можеш да се разбереш со некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)