стега (гл.) - уста (имн.)

— А, тоа никако, велам, и го кревам лицето, ја стегам устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не, не велам, и мрдам со главата, ја стегам устата, а грлото ми помрднува, ми подголтнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со него заедно плачеше и мајка му и не знаеше што да му направи; му даваше насила да цица, но тој ја отфрлаше брадавицата од устата, ја стегаше устата кога му даваа со сила лајче со чај од тревки; му врзуваа амајлии против урок, нагаза, нави, шенци, клиње, не знаејќи од што му иде лошината; му облекуваа кошулче од немо дете, му ставаа камче во лелејката од пресушена река или поток за да му пресуши плачот; го шетаа од раце на раце тропајќи во тенеќе или бутин за да го ошеметат, но ништо не помагаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А може и да нѐ видат, велам и ја стегам устата, го туркам со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама се стискаш, ја стегаш устата, не го пушташ каменот од под јазик. Ја вртиш главата и погледот го пушташ некаде напреку. Кај што ништо нема за гледање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)