станува (гл.) - свесен (прид.)

А потоа една по една се јавуваат мисли, се редат слики од вчерашниот, поминатиот ден, и тој станува свесен за себеси, за својата положба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
-Забележувам дека почнуваш да ги забележуваш духовните работи. Ти стануваш свесен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
ИВАН: (Во првите мигови тој им се предава на тие бакнежи, дури се обидува и да се поигра со нив, но набрзо станува свесен дека со Неда нешто нечекано се случува и затоа ја зема нејзината глава во своите раце, се обидува да ѝ погледне во очите.) Ти плачеш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури по извесно време станува свесен за пликот што го има во рацете.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури кога ќе дојде на средината од собата, станува свесна за револверот во своите раце.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Човек одеднаш станува свесен дека сето тоа муабетење на Глобалната заедница не е правено за луѓе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Умреница Стојам и чекам стрпливо, ги слушам другите кои, откако ќе дојдат на ред, стануваат свесни дека комплетно неподготвени дошле во Матична служба да бараат уверение, а не знаат, на пример, ни моминско презиме на покојната.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од ноќ во ноќ стануваше свесен за неправедната болка што ѝ ја нанесуваше на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И станувам свесна дека реченицата ја изговорив природно, не мислејќи, дека мојот теле-мозок почна на сите работи на овој свет да им ја дава истата тежина или леснотија, секому право на истите секунди, секому својот sound-bite, во еден кадар некој ждере хамбургер, во друг некој умира...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Станувам свесна дека ако набргу не најдам начин да ја сменам положбата, ќе пропаднам во бездната која нема крај. Нема дно, темно е.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мнозината конвенции се запоставени, па затоа луѓето поседуваат само фрагменти од вештините за произведување и толкување на голем број облици што можат да се користат за писмено јазично изразување - нешто за што тие стануваат свесни и што мораат да го „платат“ во моментот кога ќе се соочат со задача како што е правење на Маргина 36 185 плакат или некој друг визуелен материјал за општа употреба и кога ќе сфатат дека не се во состојба да го обезбедат ефектот што сакаат да го произведат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Секако, денес ова е елементарен факт за којшто стануваат свесни сé повеќе жители на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во мигот стануваше свесен, ако овој ракопис еден ден излезе на светлината на денот, посебно место треба да им биде посветено на обичаите и традицијата, посебно исхраната, на Турците, кои носејќи ги шаманските корени со Кинезите, Индијците и Персијците, во XI век ќе се најдат пред вратите на Мала Азија, колепка и простор на минување на повеќе цивилизации, какви што биле Хитите, Лувитите, Хуритите и Скитите, за потоа да ги примат и влијанијата на западната цивилизација во којашто влегувале и Феникијците, Римјаните, Византијците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И во сите овие скитии ќе се одржува културата на исхраната, со своите константи и метаморфози...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко охрабрен продолжи: Балканците, чии предци живееле под Отоманското Османското Царство, кои се вникнати целосно во своите мајчини, потоа национални јазици, стануваат свесни дека постои еден значаен фонд зборови, од османско-персиско-арапско-турско потекло кои им овозможуваат на извесен начин дури и да комуницираат меѓу себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Винстон стана свесен за тишината, како што се станува свесен за некој нов звук.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше еден од оние сонови кои, задржувајќи го карактеристичното сценарио на сонот, претставуваат продолжение на интелектуалниот живот на сонувачот и во кој тој станува свесен за факти и за идеи кои изгледаат нови и вредни и откако ќе се разбуди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ додека не им е дозволено да имаат мерила за споредување, тие практично никогаш и не стануваат свесни дека се угнетени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Англија, за која порано мечтаел, Набоков станува свесен дека сега со сите сили настојува да ја задржи во себе Русија, која му станува, како што самиот вели, “пореална” од која и да е реалност; автентичното, духовното, вистинското се покажува сврзано имено со Русија, со сѐ што е руско.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сѐ повеќе стануваше свесна, дека нема уште долго да издржи во оваа куќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Карл е малечко момче. Му треба време да се навикне, дека таму, некаде далеку, во некоја далечна земја, има уште една мајка, за која првпат станува свесен...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И сега, додека седи како здрвена на креветот станува свесна дека навистина последна заминала од кај гробот и сама се враќала.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Коста Ципата станува свесен дека надвор е веќе ден, инаку од каде оваа разредена светлина овде кога не гори огнот?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дури сега стануваме свесни дека еден од нас ( може и двајца) веќе ќе беше мртов!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сликата се поизбиструва и станува свесна дека луѓето што се напикани во оваа просторија, особено мажите, се обидуваат да ги затворат празните дупки во ѕидовите со што ќе најдат за да му забранат на ветрот да поминува од едниот отвор до другиот, се обидуваат да го подзасилат огнот за да може малку малку сите да ги потстопли.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На одарот од другата страна обично е испружен Бај Шишко, ако не потпевнува тогаш со гласовите на носот кажува дека не треба гласно да учам француски или руски за да не му го растурам сонот, меѓутоа не можам да сфатам како забележува или како станува свесен дека не учам и дека внимателно сум се спружил држејќи си ја главата со двете дланки зад тилот, тогаш се открива дека не ни спиел, не ни потпевнувал, туку само демнел миг кога ќе се опуштам за да почне разговор со мене.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Татко, ослободен од стравот од непосредната опасност што демнеше пред неколку часа, да биде фатен и спроведен со семејството кон логорот Порто Романо, стануваше свесен за последиците на преселбата, во еден поголем временски раздел.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Испраќа еден блесок од очите кон Пелагија, а таа, иако притисната од наплив на многу мисли, станува свесна за тоа и ѝ враќа опул со огромна благодарност не изустувајќи ни еден збор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)